„Играњето со Џордан ми ги смени кариерата и животот“

Стив Кер е еден од ретките кои титулата во НБА-лигата ја освојуваа како кошаркар и главен тренер. Тој беше шампион со Чикаго булс и Сан Антонио како играч, а како тренер освои три титули со Голден Стејт вориорс.

Сепак, 54-годишниот статег вели дека токму Мајкл Џордан му го променил животот.

„Играњето со Џордан ми го промени животот и целата кариера. Имав шанса да играм во шампионски екипи, да создадам име, да дојдам на ТВ, да бидам тренер. причина е тоа што играв покрај Џордан“, објасни Кер.

На Кер не му се предвидувала голема кариера во НБА, откако бил избран како 50. пик во 1988 година, но и покрај тоа успеа да освои неколку титули.