И анализата покажа - Лејкерс оштетени во четвртиот меч со Минесота (ВИДЕО)

Протестите на кошаркарите и тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, упатени на теренот и на прес-конференцијата во неделата се покажаа основани по објавувањето на судиската анализа од четвртиот меч против Минесота.

Лејкерс се жалеа на неколку судиски одлуки, а главна беше ситуацијата кога не е досуден фаул од Џејден Мекдениелс над Лука Дончиќ во финишот од мечот. При водство на Минесота со 114-113, очигледно е дека кошаркарот на Вулфс го сопна Словенецот, а судиите сметаа дека тој само се лизнал, па Дончиќ ја спаси ситуацијата со тоа што побара тајмаут иако требаше да добие слободни фрлања.

Да беше досуден фаул, ситуацијата ќе беше многу поинаква бидејќи Лејкерс најверојатно ќе се бранеа со водство од еден поен разлика.