Хјустон по елиминацијата од Лејкерс остана без тренер

Тоа што веројатно се очекуваше и се најавуваше дека Хјустон Рокитс после елиминацијата од плејофот во НБА од ЛА Лејкерс дека ќе го сменат тренерот, се оствари и актуелниот кормилар Мајк Д'Антони не е повеќе тренер на „ракетите“.

Тој четири години го водеше Хјустон, оствари 217 победи и 101 пораз, односно 68 отсто успешност, во во плејофот далеку под нивото за тим со Џејмс Харден и Расел Вестбрук со 25-23.

„Со огромна тага и благодарност објавувам дека неверојатната авантура со Хјустон е завршена, бар засега и дека ќе тргнеме на некоја нова авантура. Благодарност до сите и пред сè до играчите кои беа посветени и кои имав привилегија да ги тренирам“, објави меѓудругото Д'Антони.

Хјустон завчера загуби со 96-116 од ЛА Лејкерс за да испадне во пет меча од полуфиналниот плејоф, а претходно се измачија во првата рунда против Оклахома Тандер.