Харден се израмни со Џордан на вечната листа (ФОТО)

Хјустон рокетс славеше со 158-111 против Атланта на крилјата на Џејмс Харден, кој постигна 60 поени, а имаше и осум асистенции, па така се запиша во историјата.

„Брадата“ стигна до четвртиот меч во кариерата со 60 или повеќе поени, па така се израмни со легендарниот Мајкл Џордан на третото место на вечната листа.

Пред нив се Вилт Чембрлејн со 32 меча со повеќе од 60 поени и Коб Брајант, кој одигра шест такви натпревари во текот на кариерата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Congrats to @jharden13 of the @houstonrockets for moving up to third on the 60-POINT GAMES list!

A post shared by NBA (@nba) on