Харден немаше милост за „своите“, шампионот вторпат по ред поразен (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Џејмс Харден, одигра уште еден брилијантен меч, откако со нов трипл-дабл ефект беше најзаслужен за триумфот на Бруклин нетс над неговиот доскорешен тим Хјустон рокетс (132-114).

За „мрежичките“ тоа беше рекордна седма победа во низа на турнејата по Западната конференција, а десетта во последните 11 натпревари. „Ракетите“, пак, продолжуваат со неуспесите, со оглед што ова им беше 13. пораз во низа. Екипата од Тексас играше со само осум кошаркари, а нема остварено победа точно еден месеџ. Харден мечот го заврши со осмиот трипл-дабл ефект сезонава со 29 поени, 10 скока и 14 асистенции, додека Кајри Ирвинг додаде 24 поени.

Во дербито на вечерта, Филаделфија севентисиксерс по голема борба и едно продолжение ја совлада Јута џез (131-123), со што станаа најдобар тим на Истокот со учинок од 24 победи и 12 порази. Џоел Ембид со 40 поени и 19 скока беше најпрецизен кај „сиксерси“, додека Донован Мичел со 33 поени беше најпрецизен кај „џезерите“, кои остануваат најдобри во НБА со скор 27-9.

Кошаркарите на ЛА Лејкерс, пак, загубија на гостувањето кај Сакраменто кингс (120-123), во меч во кој настапија без Леброн Џејмс и без Антонио Дејвис.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Индијана 111-114, Филаделфија – Јута 131-123 (прод.), Торонто – Детроит 105-129, Хјустон – Бруклин 114-132, Минесота – Шарлот 102-135, Њу Орлеанс – Чикаго 124-128, Орландо – Атланта 112-115, Далас – Оклахома 87-78, Портланд – Голден Стејт 108-106, Сакраменто – ЛА Лејкерс 123-120.