Грин воодушеви новинар на прес-конференција: Ќе ти купам билети за финале!

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс се први финалисти во НБА-лигата, откако синоќа го елиминираа Портланд со 119-117.

Дрејмон Грин постигна 18 поени на натпреварот, па успеа да стигне и до трипл-дабл, зашто имаше 11 асистенции и 14 скокови.

Центарот на Вориорс синоќа погоди една од најважните тројки, која на неговата екипа донесе триумф, а синоќа ги насмеа сите присутни на прес-конференцијата со својот коментар за еден новинар.

„Баш си среќен денеска, гледам дека се израдува на нашата победа. Поради тоа, ти ветувам дека ќе ти купам билети за финале“, му кажа Грин.