Грег Попович се појави на натпревар, едвај оди - им го скрши срцето на фановите! (ВИДЕО)
76-годишникот кој има најмногу победи од сите тренери во историјата на НБА, речиси три децении беше главен тренер на Сан Антонио пред да се повлече од таа функција и да стане претседател на кошаркарските операции во клубот.
Пред крајот на 2024 година доживеа мозочен удар, а во април минатата година заврши во болница откако се онесвестил во ресторан.
Сега тој првпат се појави на кошаркарски натпревар и фановите го видоа во издание во кое го немаа видено претходно. Попович доби овации од гледалиштето.
А коментарите на социјалните мрежи беа тажни.
„Ова ми создава физичка болка околу срцето“, „Не можам да го гледам големиот Поп ваков, срцето ми се крши“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.