Алкараз го здроби Пол за четвртфинале во Мелбурн, а урна и рекорд на Надал!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во четвртфинале на Австралијан опен, откако славеше со 3-0 во сетови против Томи Пол, односно 7-6, 6-4 и 7-5, со што урна и рекорд на легендарниот Рафаел Надал.

Алкараз успеа да го надмине и Надал по процент на добиени натпревари против носители на гренслем-турнирите. Младиот шпански тенисер има 80,4 отсто триумфи, додека зад него го остави сонародникот со 80,1 процент.

Талентираниот Шпанец во четвртфинале ќе се соочи со победникот од пресметката меѓу Бублик и Де Минор.