Реал Мадрид го нокаутира Виљареал и го презема врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид продолжија со победничката форма во Ла Лига, откако вечерва го надиграа Виљареал со 2-0.

Првото полувреме помина без голови, по што на стартот на вториот дел Килијан Мбапе стрелаше за водство од 1-0 на „кралевите“.

Францускиот голгетер беше човекот кој ја потопи „жолтата подморница“ со неговиот втор погодок во 92. минута од пенал.

Реал Мадрид е лидер со 51 бод, односно два поени повеќе од Барселона, која има одиграно еден меч помалку.

Фото: Facebook/Real Madrid