Познато кога Ѓоковиќ го игра осминафиналето на Австралијан опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за дуелот од осминафиналето на Австралијан опен, каде што ќе се соочи против Јакуб Меншик во понеделник, а организаторот го одреди и терминот.

Ѓоковиќ досега одигра два меча против Меншик, а резултатот е изедначен (1-1), па Србинот овој пат во „Род Лејвер Арена“ в понеделник од 11 часот ќе се обиде да го надигра својот ривал за место во четвртфинале.

Победникот од оваа средба ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Лоренцо Музети и Тејлор Фриц.