Хаос во Бенфика: Навивачите се судриле со Мурињо среде тренинг (ФОТО)

Португалските медиуми пишуваат дека владее големо незадоволство кај навивачите на Бенфика поради лошите резултати во изминатиот период, па околу 200 фанови влегле на тренингот на фудбалерите во саботата.

Навивачите имале вербална пресметка со тренерот Жозе Мурињо, но и искусниот дефанзивец Николас Отаменди и техничкиот директор Симао Саброса.

Инцидентот се случи пред средбата на Бенфика против еден од најлошите тимови во лигата, Естрела Амадора.

Бенфика по 18 одиграни кола се наоѓа на третата позиција во португалскиот шампионат со 42 бодови, односно 10 поени помалку од лидерот Порто.