Волф ја „спушти ролетната“: Германија ја надигра Норвешка
Ракометарите на Германија триумфираа со 30-28 против Норвешка и направија голем чекор напред кон полуфинале на Европското првенство (ЕП).
Норвешка го диктираше темпото на стартот на средбата и водеше со 7-3, по што Германците го возвратија ударот и поведоа со 11-10. Големата битка продолжи и до крајот на полувремето при што Норвежаните заминаа на паузата со водство од два гола (17-15).
Германија беше многу подобра екипа во вториот дел, а со серијата од 6-0 успеа да стигне до предност од 26-21, по што Норвешка не успеа да го загрози водството на ривалот и да избегне пораз.
Фото: EPA