Дончиќ со нова брутална партија го уништи Далас (ВИДЕО)
Далас во еден момент се најде на минус 15, но потоа со серија 16-0 се вратија во игра и до крајот на третата четвртина имаа предност од осум поени.
Поранешниот тим на Дончиќ имаше 14 поени водство во последната четвртина, но во клучните моменти Леброн Џејмс и другарите успеаја да направат целосен пресврт.
Дончиќ го заврши натпреварот со 33 поени, осум скокови и 11 асистенции, додека најдобар на спротивната страна беше Макс Кристи со 24 поени.
Останати резултати:
Орландо – Кливленд 105-119
Чикаго – Бостон 114-111
Јута – Мајами 116-147
Фото: Facebook/Los Angeles Lakers