Баерн конечно изгуби, па Компани почна да ја брани Бундеслигата!
Тренерот на Баерн Минхен по овој меч зборуваше за тоа колку е силна Бундеслигата за која речиси сите велат дека уште сега се знае шампионот.
„Ова е прв пораз за нас по пауза од десет месеци, па секоја серија мора да заврши. Сакам да постигнеме работи заедно со Баерн, да освојуваме трофеи. Можам да го преболам поразот, ако на крајот бидеме успешни кога ќе се делат трофеите. Нема да ми пречи ако губиме натпревар на секои десет месеци, тоа е доказ колку добро играат момците. Загубивме од Аугсбург кој се покажа одлично. Некој после ќе каже дека Бундеслигата била слаба, ама факт е дека сите тимови се квалитети и даваат максимум за да изненадат“, изјави Компани.
И покрај овој неуспех, Баерн и натаму има комотна позиција на табелата, со предност од осум бода по 19 одиграни кола во однос на Борусија Дортмунд.