Тиен го шокира Медведев во Мелбурн, Зверев без проблеми до четвртфинале

Германскиот тенисер Александер Зверев без посериозни проблеми славеше со 3-0 во сетови против Франциско Серундоло, додека Лернер Тиен го шокира Данил Медведев во осминафиналето на Австралијан опен.

Зверев тргна фуриозно во мечот и го доби првиот сет со 6-2, додека во преостанатите два беше подобар со 6-4 и 6-4, па за само два часа и 14 минути го елиминира Аргентинецот од турнирот во Мелбурн.

Медведев не се прикажа во најдобро светло против Тиен, односно тргна лошо и го загуби првиот сет со 4-6, а потоа целосно се распадна во вториот (0-6), по што неговиот ривал славеше во третиот сет со 6-3.