Паднаа и солзи во Чикаго: Повлечен од употреба дресот на Дерик Роуз (ВИДЕО)

Чикаго булс минатата ноќ го повлекоа од употреба дресот со број еден во чест на поранешниот кошаркар на тимот, Дерик Роуз.

Розу стана петтиот кошаркар во историјата на Чикаго на кого му беше укажана ваква чест, по Џери Слоун, Боб Лав, Мајкл Џордан и Скоти Пипен.

Свечената церемонија беше одржана по мечот меѓу Чикаго и Бостон, а Роуз не можеше да ги задржи солзите.