Сабаленка урна рекорд на Ѓоковиќ!

Најдобрата тенисерка, Арина Сабаленка денеска урна рекорд на големиот Новак Ѓоковиќ поминувајќи го по бројот на последователно добиени тајбрејкови.

Сабаленка денеска ја победи Мбоко со 2-0 во сетови и се пласираше во следното коло од Австралија опен, а вториот сет го доби во тајбрејк со 7-1.

Ова за неа беше 20. добиен тајбрејк по ред со што го надмина рекордот на Новак Ѓоковиќ.

„Едноставно во тајбрејк влегувам со обид да не мислам дека ова е тајбрејк и се обидувам да играм поен за поен, мислам дека тоа е клучот на константноста“, рече Сабаленка.