Готово: Денвер го „исклучи“ Јокиќ од трката за МВП!

Никола Јокиќ сезонава и дефинитивно нема да има можност да се бори за МВП наградата, ова стана јасно откако НБА инсајдерот Шемс Чарни објави како во Денвер планираат да го водат враќањето на својот најдобар кошаркар. 

Јокиќ се опоравува од повреда на коленото што ја заработи на 30 декември во Мајами и досега пропушти 14 натпревари на својата екипа. За да остане во конкуренција за индивидуалната награда до крајот на сезоната, неопходно е Јокиќ да пропушти најмногу 17 натпревари во целата сезона 2025/26. Според најновите информации, тој ќе пропушти и повеќе од тоа.

„Денвер ја одложи одлуката за враќањето на Јокиќ за уште седум дена“, изјави Чарни.

Тоа значи дека кошаркарот од Сомбор сигурно ќе ги пропушти следните четири натпревари (против Детроит, Бруклин, Клиперс и Тандер) што значи дека дури и во најдобро сценарио да се врати веднаш потоа тој не би имал шанси да се бори за престижното признание. 

Дополнително, познатиот новинар истакна дека процесот на враќање на српскиот центар се одвива без компликации и дека ваквата ситуација била очекувана по деталните прегледи направени при повредата.