Судиска лакрдија во Малме: Арбитрите ѝ „украдоа“ победа на Унгарија
Ваквиот исход дополнително ја замрсува ситуацијата во групата бидејќи Шведска повеќе не зависи од себе и ќе чека кикс на Исланд во последното коло за, евентуално, да освои едно од првите две места на табелата. Сепак, Швеѓаните треба да бидат задоволни и со ваквиот исход бидејќи судиите во последните секунди ги спасија од пораз на денешниот меч.
Унгарија водеше во најголемиот дел од натпреварот, највисоката предност изнесуваше три разлика (17-14) на почетокот од второто полувреме, но се се решаваше во самиот финиш. Во последните 40-тина секунди, при резултат 32-32, Унгарија имаше напад за победа, Сита тргна кон голот, а противнички ракометар бранеше од просторот од шест метри поради што мораше да биде досуден пенал. Место тоа, арбитрите покажаа пробивање и Шведска дури имаше можност да победи. Со оглед на тоа што Унгарците играа „седум на шест“, не направија измена на време, голот беше празен и Паличка се обиде преку цел терен, но неговиот удар не беше прецизен и заврши неколку сантиметри до стативата.
Со тоа, барем делумно, правдата беше задоволена иако е јасно дека Унгарија беше апсолутно оштетена на овој меч.
Во пресрет на утрешното последно коло, Хрватска е прва со шест бода, Исланд и Норвешка се зад неа со по пет, а Словенија има четири. Во случај на победи на водечките три екипи, во полуфиналето ќе заминат Хрватска и Исланд бидејќи островјаните во претходното коло ја совладаа Шведска со 35-27.