Веќе се договорил, Душебаев го избрал новиот клуб
Според најавите се очекува Душебаев да стави потпис на договор веднаш по завршувањето на Европското првенство и за него е подготвена соработка на три години. Така Шпанецот би се преселил во Германија во летото кое следи како слободен ракометар по истекот на неговиот договор со Кјелце.
Иднината на шпанскиот репрезентативец беше предмет на бројни шпекулации уште од моментот кога тој најави заминување од полскиот клуб, а во игра наводно бил и Кил кој сепак не успеал да постигне договор.