Пенал како планина за Унгарија - сите видоа, само судиите не! (ВИДЕО)
Унгарскиот ракометар Сита тргна кон голот, противничкиот играч Ване го запре, но притоа влезе во просторот од шест метри, поради што мораше да биде досуден пенал . Сепак, судиите ме мислеа така и место удар од седум, покажаа пробивање, па Шведска можеше да дојде до победата на бизарен начин - со гол на голманот Паличка преку целиот терен.
„По прегледувањето на снимката - ништо. Овде натпреварот е завршен“, кратко објасни едниот судија откако беше донесена одлуката.
На крајот 32-32, резултат кој ги отпишува Унгарците од борбата за пласман во полуфиналето, но и Шведска ја става зад Исланд во пресрет на последното коло.