Јакимовски фантастичен, Тренто го прегази Бешикташ
Разликата во последната четвртина изнесуваше и 21 поен, но во финишот турскиот тим успеа да го ублажи дебаклот и да се избори за прифатлив пораз. По некомплетното 16. коло, Тренто има биланс 10/6 и три победи повеќе од седмопласираниот Улм кој има и меч помалку.
Извонреден натпревар одигра македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски кој оствари дабл дабл со 15 поени и 10 скока за безмалку 27 минути на теренот. Дури 12 од своите 15 поени, тој реализира во првото полувреме, а ова беше израмнување на неговиот втор најдобар ефект во Еврокупот.