Голден Стејт се мачи, само Кари е на ниво (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во НБА, Голден Стејт Вориорс го претрпе четвртиот пораз во десеттиот натпревар оваа сезона откако на домашен терен загуби од Кливленд со 110-118.

Интересно е тоа што ова беше само трет меч на Вориорс на домашен терен сезонава, а веќе одигра вкупно десет во лигата. Од тие три, го победи само Сакраменто и тоа минимално, со 102-101. Една од причините за релативно лошите резултати (Голден Стејт е на петтото место на табелата на Западот) лежи во слабата ефикасност на играчите кои треба да му бидат поддршка на Стеф Кари. Освен него, досега ниеден друг играч не ја минал границата од 20 постигнати поени на еден натпревар.

Така беше и во дуелот со Кливленд, Кари реализира 30 поени со шут од игра 9/24, а далеку зад него остана Клеј Томпсон со 14. Меѓу нив двајца имаше дури петмина кошаркари на Кливленд меѓу кои најефикасен беше Леверт со 22 поена. За Кавалирс, ова беше четврти триумф сезонава со кој е на делба на деваттата позиција на Истокот, заедно со Бруклин и Торонто.

Нов пораз ноќеска доживеа и Сакраменто кој е совладан на гостувањето кај Орландо со 112-97. Не играше Лилард, а слично како Кари во Голден Стејт, Јанис Адетокумпо беше далеку пред соиграчите со 35 поени. Кај Орландо се истакна Банкеро со 26 поени и 12 скока, Вагнер постигна 24, а Сагс 20.

РЕЗУЛТАТИ
Орландо - Милвоки 112-97
Бостон - Торонто 117-94
Атланта - Мајами 109-117
Голден Стејт - Кливленд 110-118