Гилџес Александер ја доби МВП битката со Јокиќ (ВИДЕО)
Конечниот резултат и не е реален одраз на она што се случуваше на теренот бидејќи Оклахома не само што буквално во текот на сите 48 минути беше во водство, туку безмалку цело второ полувреме имаше двоцифрена предност. На две минути пред крајот таа изнесуваше 18 поени, па во безначајниот финиш Денвер со серија од 8-0 се избори за пристоен пораз.
Шеј Гилџес Александер потврди зошто е најдобар играч во лигата и ја доби директната битка со својот ривал за МВП признанието, Никола Јокиќ. Канаѓанецот постигна 34 поени, 13 асистенции и пет скока, со одличен шут од игра (11/16). Од друга страна, суперѕвездата на Денвер покажа дека е далеку од најдобрата форма по враќањето на терените и заврши со 16 поени, осум асистенции и седум скока за 29 минути игра.
Со оваа победа Оклахома се зацврсти на првото место на Западот со 39/11, додека Денвер падна на третата позиција, зад Сан Антонио, со 33/16.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Бруклин 130-77
Мајами – Чикаго 134-91
Торонто – Јута 107-100
Вашингтон – Сакраменто 116-112
Њујорк – ЛА Лејкерс 112-100
Феникс – ЛА Клиперс 93-117
Портланд – Кливленд 111-130
Сан Антонио 112-103
Денвер – Оклахома 111-121