Ливерпул ја доби војната со Челси - ќе плати 70 милиони евра за дефанзивец!

Англиските гиганти Ливерпул и Челси долго време водеа борба за потписот на талентираниот дефанзивец Жереми Жаке од Рен, а на крајот „црвените“ успеаја да го договорат трансферот.

Ливерпул го договори Жаке за 60 милиони евра плус 10 милиони во бонуси, а дефанзивецот ќе се пресели на „Енфилд“ на крајот на сезоната.

Премиерлигашот добива еден од најталентираните дефанзивци во светот, кој до јуни 2026 година ќе игра за Рен.

Челси долго време преговараше за Жаке, но Ливерпул подоцна се вклучи во драмата и ја доби битката.

Фото: Facebook/Liverpool FC