Скок од 12 места за Ѓорческа, повторно е во топ-200

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа скок од 12 места на најновото рангирање на ВТА листата, по своите први настапи во 2026 година.

Таа учествуваше во квалификациите за УС Опен каде помина една пречка, а потоа играше и на Челинџер во Порто каде исто така мина едно коло и тоа ѝ донесе бодови кои предизвикаа напредок. Таа сега повторно е меѓу најдобрите 200 во светот, поточно на 193. место, а во следниот период ќе се обиде да го достигне најдобриот пласман во кариерата – 170. позиција.

Оваа недела Ѓорческа нема да учествува на турнир и ќе се подготвува за она што ѝ претстои понатаму.