Леброн по 22. пат ќе игра на Ол старот, ама како резерва
Тоа ќе биде негов 22. настап на оваа манифестација, но прв како резерва бидејќи не доби доволно гласови за пак да биде стартер. Покрај него, резерви на Западот ќе бидат Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулфс), Џамал Мареј (Денвер Нагетс), Чет Холмгрен (Оклахома Сити Тандер), Девин Букер (Финикс Санс) и Дени Авдија (Портланд Треил Блејзерс).
На Истокот, шанса од клупата ќе чекаат Донован Мичел (Кливленд Кавалирс), Џејлен Џонсон (Атланта Хокс), Карл-Ентони Таунс (Њујорк Никс), Паскал Сиакам (Индијана Пејсерс), Норман Пауел (Мајами Хит), Скоти Барнс (Торонто Репторс) и Џејлен Дурен (Детроит Пистонс).
Што се однесува до стартерите, за Истокот ќе играат Јанис Адетокумпо (Милвоки Бакс), Џејлен Брансон (Њујорк Никс), Кејд Канингем (Детроит Пистонс), Тајрис Макси (Филаделфија 76) и Џејлен Браун (Бостон Селтикс), а за Западот, Никола Јокиќ (Денвер Нагетс), Лука Дончиќ (ЛА Лејкерс), Шеј Гилџес-Александар (Оклахома Тандер), Стеф Кари (Голден Стејт Вориорс) и Виктор Вембањама (Сан Антонио Спарс).
И покрај тоа што се избрани од конференциите, овие играчи ќе бидат поделени во два тима од САД и еден од светот, натпреварувајќи се за прв пат на мини-турнир. Џејмс го предводи овој Ол-стар натпревар со рекордни 22 настапи, а по него следуваат Кевин Дурант со 16, Стефен Кари со 12, Јанис Адетокумпо со 10, и Никола Јокиќ со 8.