Генерации гледаа НБА поради него: Десетте најубави потези на Коби Брајант (ВИДЕО)

Откако се појави на големата сцена и го воодушевуваше целиот кошаркарски свет, со Коби Брајант, кој трагично загина вчеравечер во хеликоптерска несреќа во Калифорнија пораснаа генерации и генерации и поради него милиони луѓе гледаа НБА и остануваа до доцните вечерни часови за да по проследат настапот на Мамбата.

Брајант загина во хеликоптерската несреќа заедно со својата 13-годишна ќерка и уште седум други патници во авионот кој од засега неразјаснети причини се урна само 13 минути од полетувањето на пат кон „Мамба Академијата“.

Ова се десетте најубави потези во безбројните атракции што Коби ги приредуваше во најсилната кошаркарска лига.