Французите не му простиле на Ембид: Врати го пасошот (ВИДЕО)

Играчот на Филаделфија, Жоел Ембид вчера пристигна во Париз, па во Лил со американската репрезентација и беше жестоко пречекан од домашното население.

Ембид е несуден репрезентативец на Франција, лани доби пасош на оваа земја, но одлучи да заигра за САД на Олимписките игри. Тоа ги налути Французите кои вчера му испратија неколку пораки.

„Врати го пасошот“ и „Треба да играш за Франција“, му викаа присутните на Ембид кој треба да биде еден од главните играчи на американската репрезентација.

Лани тој можеше да бира за кого ќе игра, родниот Камерун беше надвор од комбинација, но според неговите зборови, имал средба со францускиот претседател Емануел Макрон и првиот човек на Кошаркарската федерација Жан Пјер Сиутат. Медиумите во оваа земја тврдат дека дал ветување дека ќе иигра за Франција, но подоцна се премислил и ја прифатил понудата од САД.