Епски срам: Ѕвезда на Детроит постигна 46 поени, а го скрши обрачот со - промашувања (ВИДЕО)

Кошаркарите на Детроит ноќеска, по продолжение, го совладаа Вашингтон (137-135), но вниманието по мечот не го привлече триумфот, туку неверојатната партија на Кејд Канингем.

Младиот бек на Пистонс запиша 46 поени, 12 скокови, 11 асистенции и 5 украдени топки, правејќи еден од статистички најимпресивните настапи во модерната историја на НБА. Со ваков учинок, Канингем влезе во друштво кое го држи само уште легендарниот Мајкл Џордан.

Историската вечер, сепак, има и друга страна. Канингем шутираше 14/45 од игра, со што промаши дури 31 обид – најмногу на еден натпревар од обединувањето на НБА и АБА во 1976 година. Со тоа го надмина и рекордот на Коби Брајант од 2002 година, кој тогаш „стопира“ на 30 промашувања.