Ембид: Ќе бев најдобар кошаркар во историјата ако не се повредев

Центарот на Филаделфија севентисиксерс, Жоел Ембид е повикан за Олимписките игри во Париз, а кошаркарот претходно даде интервју за „Њујорк тајмс“.

Ембид во интервјуто кажа дека можел да биде најдобар играч во историјата доколку не се повредел.

„Мислам дека сум талентиран. Секако, мора да освојувате титули, а за тоа ви се потребни соиграчи. Не може тоа да го направите сами“, кажа Ембид.