Џејмс: Се изнервирав кога ги видов гласовите за МВП

Јанис Адетокумпо втора година по ред е МВП на сезоната во НБА-лигата, додека Леброн Џејмс финишираше втор. 

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс по синоќешниот дуел со Денвер изјави дека бил изнервиран кога ги видел гласовите, а не дека Гркот го добил трофејот. Џејмс има проблем поради разликата со која загубил. Тој доби само 16 гласа за прво место, додека Адетокумпо 85 гласови.

„Ме изнервира“, рече Џејмс кога ги коментираше гласовите за МВП. „Тоа е мојот одговор. Ме изнервира, бидејќи од можни 101 глас за прво место јас добив 16. Тоа ме изнервира најмногу од било што друго. Да не се разбереме погрешно. Јас сум одличен. Според мене начинот на гласање понекогаш е чуден. Не сум сигурен колку добро ја гледаме и следиме кошарката или само сме во некоја нарација“, додаде кошаркарот на Лејкерс.