Џејлен Браун испиша историја – влезе меѓу легендите на најлегендарниот клуб во НБА (ВИДЕО)
За него ова е втор ваков учинок во кариерата, со што влезе во избрано друштво во историјата на Бостон, каде што повеќе од еднаш до бројката од 50 поени стигнале само уште Лери Бирд и Џејсон Тејтум. Крилниот кошаркар одигра речиси совршен натпревар – реализираше 18 од 26 обиди од игра, погоди шест тројки од десет шута и запиша пет асистенции. Формата на Селтикси е во подем, со седум победи на последните осум натпревари.
Возбудувања не недостасуваа ниту на останатите средби. Филаделфија славеше на гостувањето кај Њујорк (130-119), во натпревар во кој Џоел Ембид (26 поени) конечно го отвори сезонскиот поентерски биланс. Голден стејт, предводен од Стеф Кари, направи пресврт против Јута (123-114), при што плејмејкерот уфрли 31 поен, од кои дури 20 во третата четвртина. Успешна вечер имаше и Далас, кој го совлада Хјустон (110-104) благодарение на доминантната партија на Ентони Дејвис со 26 поени, 12 скока и пет блокади. Кај поразениот тим се истакна Кевин Дурант со 34 поени, додека Алперен Шенѓун го заврши мечот по само една минута поради повреда.
Торонто, со сезонски рекорд на Ар-Џеј Барет од 29 поени, ја совлада Атланта (134-117), а истите ривали ќе се соочат повторно и на следниот натпревар. Единствена екипа која не стигна до троцифрен број поени беше Чикаго, кој беше поразен од Шарлот (99-112), додека пријатно изненадување направи Портланд со победата на гостувањето во Сан Антонио (115-110).