Дурант одби 31,5 милиони долари и стана слободен кошаркар

Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски открива дека ѕвездата на Голден Стејт вориорс, Кевин Дурант нема да игра следната сезона под актуелниот договор.

Според Војнаровски, Дурант во моментов е во Њујорк, кадешто со својот агент размислува за опците во случај да стане слободен кошаркар. Тој ќе стане неограничен кошаркар на 30 јуни, а иако има шанса да ја промени средината, сепак постои можност и на крајот да остане во Голден Стејт.

Засега е сигурно само дека одбил да остане во Вориорс според актуелниот договор, кој трае уште една година. Според тој договор требаше да добие 31,5 милиони долари и сезоната да ја помине во рехабилитација затоа што ја скина Ахиловата тетива.

Дурант, од друга страна, сака максимален договор со Голден Стејт или некој друг тим, а се споменуваат Њујорк никс и Бруклин нетс како можни дестинации.

Американске медиуми пишуваат дека Голден Стејт размислува и на Дурант и на Клеј Томпсон да им понуди максимални договори.

Што се однесува до Дурант, тоа би бил петгодишен договор вреден 220 милиони долари.