Дончиќ постигна 47 поени, ама еден од кошевите му е најбизарен во кариерата (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра уште една извонредна партија во НБА лигата и покажа дека оваа сезона е вистинска машина за кошеви.

Далас Маверикс му ја прекина победничката серија на Хјустон, совладувајќи го со 125-107, а Словенецот постигна 47 поени, 12 скока и 7 асистенции со што е на милиметри од прва титула за најдобар стрелец во лигата. Особено импреивен беше во првата четвртина во која постигна 22 поена, а до полувреме веќе беше на бројката од 32.

Сепак, од сите тие кошеви, најбизарен му е оној во третата четвртина и тоа не само на овој меч, туку воопшто во кариерата. Џабари Смит одигра извонредна одбрана на него, времето за напад истекуваше, па Дончиќ мораше да бара алтернативни решенија за шут. Со чекор напред ја исфрли топката како на полагање, а таа „без коски“ влезе во обрачот на што и самиот тој се насмеа.