Дончиќ пак се повреди и го чека нова пауза

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ги пропушти последните три гостувања поради повредата на скочниот зглоб, а се очекуваше да се врати на терен во мечот против Лос Анџелес Клиперс, кој се игра вечерва, но тоа нема да се случи.

Дончиќ вчера тренираше со соиграчите од Далас маверикс, но потоа почуствувал нова болка во левото колено и сега ќе мора да пропушти уште неколку натпревари.

Засега не е познато колку време ќе паузира ѕвездата на Далас, но тренерот Џејсон Кид се надева дека Дончиќ ќе може да му помогне во завршницата од регуларниот дел за да изборат пласман во плејофот.