Дончиќ одигра магично, ама го загуби дуелот против „Ѕверот од Грција“ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Милвоки бакс со пресвртот славеа победа против Далас Маверикс (132-125), во меч во кој блескаше Јанис Адетокумбо.

„Ѕверот од Грција“ средбата ја заврши со 40 поени, кои беа доволно за деветта победа во 13. меч сезона за „елените“, а на кои додаде и 15 скока и седум асистенции. Демијан Лилард му помогна со 27 поени и 12 асистенции, Конејт реализира 16 поени, додека двоцифрен беше Брук Лопез со 12 поени, а еден помалку имаа Боби Портис и Камерон Пејн.

Лука Дончиќ одигра магично и за малку остана без трипл-дабл, откако средбата за заврши со 35 поени и по девет скока и девет асистенции, додека Кајри Ирвинг постигна 39 поени, што, сепак, не беше доволно за триумф на „телињата“.