Дончиќ нема право на уште една грешка, ако ја направи НБА ќе го – суспендира (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се наоѓа пред суспензија од еден натпревар, откако со синоќешните две технички грешки и исклучување во поразот на Далас маверикс во дуелот со Сакраменто кингс (99-111) го исполни дозволениот лимит од 15 вакви прекршоци.

По мечот, судиите објаснија дека ѕвездата на „телињата“ првата техничка ја добил поради непочитување на официјалните лица, откако му беше досуден чист прекршок во напад, додека втората е поради протест и фрлање на топката. Словенецот предвреме мораше во соблекувалната, па средбата ја заврши со пораз и покрај учинокот од 30 поени и по шест скока и асистенции.

На овој меч исклучен беше и тренерот на Далас, Рик Карлајл, кој изјави дека во тимот се свесни за проблемот на Дончиќ.

„Му кажавме во иднина да внимава на техничките грешки бидејќи не сакаме да останеме без него ниту на еден натпревар“, изјави Карлајл.