Дончиќ и дружината повторно блеснаа - ја декласираа и Јапонија (ВИДЕО)

Словенија има две победи на два натпревари на Олимпискитеи игри. По триумфот против Аргентина, утринава „змајчеки“ славеа со 116-81 против домаќинот на турнирот Јапонија. 

Јапонците имаа сила за достоен отпор само во првата четвртина, а потоа на теренот постоеше само еден тим. Лука Дончиќ одигра помалку од 26 минути и постигна 25 поени со седум асистенции и исто толку скока. Зоран Драгиќ го следеше во нападот со 24 поени. Најефикасен на теренот беше Руи Хашимура со 34 поени во таборот на Јапонија.

Во последното коло од групата Ц, Словенија на 1 август ќе игра против фаворитот Шпанија.