Дончиќ го водеше Лејкерс до победа против Сакраменто, нов пораз за Јокиќ и Денвер! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ беше најдобар во победа на Лос Анџелес Лејкерс над Сакраменто од 128-104, уште подобра партија имаше Никола Јокиќ на кого му недостасуваше асистенција за трипл-дабл, но Денвер на свој терен беше поразен од Минесота со 108-117.

Лејкерс дилемите околу победникот ги расчисти уште во првата четвртина која ја доби со неверојатни 36-18, а потоа само рутински го однесе мечот до победа од 128-104.

Дончиќ беше најефикасен на мечот постигнувајќи 28 поени, имаше и девет асистенции, во составот на Сакраменто најдобар беше Клифорд со 26 поени.

Денвер доживеа втор пораз по ред, а трет во последните четири натпревари. Овојпат на домашен терен против Минесота со 108-117.

Јокиќ имаше фантастична партија со 35 поени, 13 скокови и девет асистенции, но тоа не беше доволно за победа. Минесота одигра тимски, а најдобар беше Едвардс со 21 поен.

Резултати:

Њујорк - Сан Антонио 114-89
Бруклин - Кливленд 102-106
Чикаго - Милвоки 120-97
Денвер - Минесота 108-117
Индијана - Мемфис 106-125
Аталанта - Портланд 135-101
Орландо - Детроит 92-106
Бостон - Филаделфија 114-98
Далас - Оклахома 87-100
ЛА Клиперс - Њу Орлеанс 137-117
ЛА Лејкерс - Сакраменто 128-104