Дончиќ блескаше, а легендарниот Попович го фалеше: Тој е ѓаволски добар играч! (ВИДЕО)

Зад Лука Дончиќ е уште една фантастична индивидуална партија по која заедно со соиграчите со наведнати глави го напуштаат паркетот, овој пат во пресметката на Далас маверикс со Сан Антонио спарс (101-105).

Словенецот средбата ја заврши со 25 поени и по осум скока и асистенции, но тоа не беше доволно да се спречи поразот од поранешниот шампион, но беше доволно да ги оправда пофалбите кои пред мечот ги доби од легендарниот тренер на противникот, Грег Попович.

„Дончиќ е неверојатен, чудесно е да се гледа како смирено и бавно оди кон противничкиот кош и експлодира кога тоа е најпотребно. Одлично ја разбира играта и има очи насекаде на теренот. Го прави тоа што е најважно во моментот и е неверојатно храбар. Ги реализира најтешките шутеви и ја презема одговорноста во клучните моменто, што значи дека ја има довербата на соиграчите, а што не е мала работа кога сте дебитант. Сѐ на се, тој е ѓаволски добар играч“, изјави Попович.

За Дончиќ ова беше петти натпревар по ред на кој постигнува 25 или повеќе поени и е прв дебитант кому му успеало тоа по Стеф Кари во 2009 година.