Добри вести пред рестартот: Нема позитивни кошаркари на Ковид-19 во НБА

НБА-лигата ќе го има својот официјален рестарт на 30 јули, односно утре, а надмината е и последната пречка за такво нешто. Последните тестови за Ковид-19 во сите тимови учесници покажаа дека сите кошаркари се негативни.

Од 20 јули од 29 јули направени се 344 тестови помеѓу кошаркарите и нема ниту еден позитивен на коронавирус. Ова покажува дека барем засега експериментот со собирање на сите екипи на едно место во „Дизниленд“, Флорида е добар потег.

Сите кошаркари со во таканаречен „биолошки меур“ без контакти со надворешниот свет. Последниот натпревар во НБА-лигата се одигра кон средината на месец март, кога започна пандемијата.

На рестартот на програмата се два натпревари, Њу Орлеанс против Јута, а потоа се игра и дербито Лос Анџелес лејкерс - Лос Анџелес клиперс.