Дејвис со звукот на сирената му носи втор триумф на Лејкерс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс води со 2-0 во финалето на Западната конференција, откако со 105-103 го победија Денвер нагетс.

Лејкерс ја добија првата четвртина со 29-21, а во втората четвртина во еден момент имаа +16, но нивното водство почна да се топи во второто полувреме.

Денвер се врати во игра, па во последната четвртина направи пресврт (87-86) и се водеше голема борба до последната секунда од мечот.

Токму тогаш со звукот на сирената Ентони Дејвис постигна тројка за конечни 105-103, а тој беше и најдобар кошаркар на мечот со 31 поен и девет скокови, додека Леброн Џејмс постигна 26 поени и 11 скокови.

Во редовите на Денвер најефикасен беше Никола Јокиќ со 30 поени и шест скокови.