
Далас го избрка Дончиќ, па како прв на драфтот ја избра неговата – американска копија!
Станува збор за можеби најголемиот талент изминатава деценија, кој блесна во својата единствена сезона на Универзитетот Дјук, кого го предводеше тимот до фајналфор-турнирот во НЦАА на кој и беше прогласен за најдобар колеџ играч.
„Многу сум возбуден. Сакам да бидам како сунѓер, да учам од играчи кои се на ниво на Куќата на славните. Ова ќе биде неверојатно искуство“, изјави Флег по изборот.
Веднаш по него, како втор пик, Сан Антонио спарс го избра Дилан Харпер, поранешен бек на Универзитетот Ратгерс. Тој изјави дека неговата цел ќе биде да го продолжи успешниот низ на „спарси“, чии кошаркари две сезони по ред ја освојуваа наградата за најдобар дебитант во НБА – Стефон Касел и Виктор Вембањама. Филаделфија како трет пик го избра Ви-Џеј Еџкомб, додека Шарлот го искористи четвртиот избор на Кон Нупел. Јута го одбра Ејс Бејли како петти пик.
Вашингтон на шеста позиција го избра Тре Џонсон, Њу Орлеанс седмиот го искористи на Џеремаја Фирс, а Бруклин на осмата позиција го одбра рускиот плејмејкер Јегор Демин. Торонто со деветтиот пик го избра Колин Мареј-Бојлс, а Хјустон како десетти го одбра Каман Малауач.
Интерес предизвика и изборот на Минесота, која како 17. пик го одбра францускиот центар Жоан Беранже од словенечкиот клуб Цедевита Олимпија. Бруклин нетс, пак, постави рекорд со пет избрани кошаркари во првата рунда на драфтот.
Во конкуренција за драфт беше и српскиот центар Богољуб Марковиќ од Мега, кој не беше избран во првата рунда. Втората рунда ќе се одржи во ноќта меѓу четврток и петок.
ФОТО: X / @Mavs_FFL