Цела Србија ја чека неговата одлука, а Јокиќ е во - Шведска (ВИДЕО)

Љубителите на кошарката во Србија со нетрпение очекуваат што ќе одлучи Никола Јокиќ во врска со неговиот настап на Олимписките игри во Париз, а тој повторно е посветен на неговата љубов - коњите.

Во моментов, тој воопшто не е во Србија, туку се наоѓа во Стокхолм каде учествуваше на познатата трка Силвала. Доаѓањето на најдобриот играч во НБА ги воодушеви сите присутни кои го поздравија со голем аплауз.

Се очекува претстојната недела или најдоцна во првата од јуни, тој официјално да соопшти дали ќе игра на Олимписките игри во Париз.