Бостон со фантастичен пресврт остана „жив“ во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон селтикс ја спасија првата „меч топка“ на противникот, откако ноќеска славеа во петтиот меч од финалето во Источната конференција против Мајами хит (121-108) со што намалија на 2-3 во победи.

„Жешките“ пропуштија голема шанса да стават крај на пресметката и да се изборат за можност да ја нападната титулата во НБА, со оглед што имаа убедливо двоцифрено водство (61-50). Но, тогаш на сцена стапија „келтите“, кои со серија 20-3 направија целосен резултатски пресврт, а набрзо потоа дојдоа и до плус 14, со што ставија крај на надежите на составот од Флорида за крај на серијата.

Џејсон Тејтум со 31 поен и 10 скока беше најзаслужен за триумфот на Бостон, а постигна дури 17 во третиот период кога се „кршеше“ резултатот. Тој најголема поддршка имаше од Џејлен Браун со 28 поени, додека кај Мајами се издвои Горан Драгиќ со 23 постигнати поени.