
Бостон со 20 тројки го растури Мајами за брејк во финалето на Истокот (ВИДЕО)
Шутот од далечина на „келтите“ функционираше перфектно за што говорат 20 постигнати тројки и тоа со 50-отстотна прецизност, а згора на тоа овој тим постигна дури 70 поени во првото полувреме (а примија 45), што доволно говори за нивната расположеност во нападот. Враќањето на Смарт и Хорфорд во тимот донесе драстично поголем квалитет и искуство, што се виде на теренот, па „селтикси“ сега ја имаат иницијативата во серијата.
Џејсон Тејтум беше најефикасен кај Бостон со 27 поени (8/13 шут од игра), додека Браун и Смарт постигнаа по 24 поени. Кај Мајами најпрецизен беше Џими Батлер со 29 поени. Серијата се сели во Бостон каде што в недела од 2.30 часот по полноќ се игра третиот натпревар.