Бостон изедначи во „финалето“, ужасниот Мајами урна црн рекорд стар 50 години (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон селтикс ја вратија неизвесноста во финалната серија во Источната конференција од НБА, откако со лесна победа во синоќешната пресметка на домашен терен против Мајами хит (102-82) изедначија на 2-2 во победи.

„Келтите“ средбата ја почнаа со огромни 18-1 и уште од стартот го откажаа противникот од надеж за нов „брејк“ во Масачусетс. Првата четвртина заврши со 29-11 за домаќинот, во која Џејсон Тејтум постигна дури 12 поени повеќе од сите во таборот на „жешките“. Првата петорка на Мајами имаше ужасна вечер и сруши црн рекорд од далечната 1971 година со оглед што заедно постигна неверојатни – 18 поени.

Бостон до триумфот дојде без специјалистот за одбрана, Маркус Смарт, но неговото место одлично го пополни Вилијамс. Тејтум беше најдобар на средбата со вкупно 31 поен. Серијата сега пак се враќа на Флорида, каде што во ноќта помеѓу среда и четврток ќе се одигра петтиот меч.