Бостон е на една победа до големото финале (ВИДЕО)

Бостон ја совлада Индијана на гостински паркет со 114-111 и поведе со 3-0 во финалето на Источната конференција во рамки на НБА-лигата. 

Домашниот тим водеше во најголем дел од натпреварот, а во вториот и третиот период имаше и предност од дури 18 поени. Бостон успеа да направи пресврт во последните моменти од натпреварот и да стигне до победата. 

Џејсон Тејтум со 36 поени и 10 скока ги предводеше Селтикс. Џејлен Браун имаше 24, а Ал Хорфорд постигна еден поен помалку. За Пејсерс на овој натпревар не играше првата ѕвезда Тајрис Халибартон, кој се повреди на претходниот натпревар со Бостон. 

Во негово отсуство најефикасен беше Ендри Нембхард со 32 поени, Мајлс Тарнер имаше 22 поени и 10 скока, а Паскал Сијакам исто така имаше 22 поени. 

Следниот четврти натпревар повторно се игра во Индијанаполис во вторник во 2 часот наутро, а Пејсерс мораат да победа за да останат во финалето и да се спасат од „метла“.