Богдан Богдановиќ ја продолжува традицијата на српски кошаркари во Клиперс

Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ се врати во Калифорнија, но не во тимот на Сакраменто каде што играше на почетокот на својата НБА кариера, туку во Лос Анџелес Клиперс.

Двете екипи вечерва реализираа трејд во кој се вклучени тројца кошаркари и три пика на драфтот. Во замена за Богдановиќ, Клиперс ги добија Терен Ман и Бонс Хиланд, покрај српскиот кошаркар, во Калифорнија испратија и три пика во втората рунда.

Заминувањето на Богдановиќ од Атланта беше очекувано и најавувано последните недели, но во ниедна комбинација не се спомнуваа Клиперс. Екипата од Калифорнија се наоѓа на шестото место во Западната конференција и води жестока битка за пласман во плејофот со Минесота и Лејкерс.

Тој е уште еден во плејадата српски кошаркари кои играле за Клиперс, по Марко Јариќ, Жељко Ребрача, Милош Теодосиќ, Марјановиќ, Радмановиќ итн.